Селекторот Кирил Лазаров на прес конференцијата зборуваше за своите импресии од вечерашниот меч, вклучително и претходните три...
Можеби ова е реалноста, Аргентина и пред почетокот на светското првенство подобро котираше од нас. Јас очекував можеби порази од 4-5 гола, но не и дека ќе ги загубиме сите три натпревари со по 10 гола разлика. Видовме дека оваа Македонија со осум млади играчи, кои се за првпат на големо првенство, ќе мора да работат многу за да бидат добри. Притисок имаат, јас сум го почувствувал тоа како играч. Не е лесно да се соочиш со навивачите, на кои им се извинувам, како селектор. Даваат многу но и треба со многу да им се возврати. Ичграките не знаат да се носат со тоа.
Не сум задоволен, мора да работиме многу ако сакаме да направи новата генерација да има резултати како порано.
Околу натамошните планови, вклучително и со барањата на дел од навивачите за оставка, рече:
„Да, имам одговорност, но треба да се знае дека за нас во овој момент успех беше и што сме на ова Светско првенство меѓу најдобрите во светот. Имаме и долгорочна стратегија пред нас. Факт е дека претходно бевме со искусни играчи кои ни помогнаа да дојдеме тука. Знаевме дека ќе биде тешко да се игра на високо ниво, и видовме сега деке не е исто без оние искусните кои долги години го носеа товарот на репрезентација“