Само уште две слободни места има за Главната рунда на Светското првенство. За едното од нив ќе се бори Македонија.
Македонија и Аргентина вечерва играат еден на еден за пласман во Главаната рунда и тоа е дерби на последниот ден од Прелиминарната рунда на Светското првенство. Овој меч има најголемо значење, иако во ова коло се среќаваат и Норвешка и Холандија на пример на дуел што значи пренесување на бодови.
Втор меч што решава за пласман во главна рунда е средбата Бахреин - Белгија. Верувале или не, таму Белгија е сигурен патник, а може да оди и со два бода доколку победи денеска.
Доколку мечот заврши нерешено или победи Бахреин, тогаш отпаѓа екипата на Тунис.
ГРУПА А
Главна рунда: Шпанија 4 бода, Ц. Гора 2 бода, Иран 0 бодови
Президент Куп: Чиле
ГРУПА „Б“
Главна рунда: Франција 4 бода, Словенија 2 бода, Полска 0 бодови
Президент Куп: Саудиска Арабија
ГРУПА „Ц“
Главна рунда: Шведска 4 бода, Бразил 2 бода, Капе Верде 0 бодови
Президент Куп: Уругвај
ГРУПА „Д“
Главна рунда: Португалија 4 бода, Исланд 2 бода, Унгарија 0 бодови
Президент Куп: Јужна Кореја
ГРУПА „Е“
Главна рунда: Германија 4 бода, Србија 2 бода, Катар 0 бодови
Президент Куп: Алжир
Денеска играат: Алжир - Германија (18:00), Србија - Катар (20:30)
ГРУПА „Ф“
Главна рунда: Норвешка, Холандија
Президент Куп: Аргентина / Македонија
Денеска играат: Македонија - Аргентина (18:00), Норвешка - Холандија (20:30)
ГРУПА „Г“
Главна рунда: Египет 4 бода, Хрватска 2 бода, САД 0 бодови
Президент Куп: Мароко
Денеска играат: Египет - САД (18:00), Хрватска - Мароко (20:30)
ГРУПА „Х“
Главна рунда: Данска, Белгија
Президент Куп: Тунис/Бахреин
Денеска играат: Бахреин - Белгија (18:00), Данска - Тунис (20:30)