Не беше се црно на мечот со Холандија, имаше и понекоја светла точка, а една од нив дефитнивно беше младиот Павле Атанасијевиќ.
Павле доби шанса, покажа поголема дрскост од колегите на теренот, постигна два гола... Својата задача си ја заврши. Колективното бледило, сепак, остана.
„Убаво е да се игра на вакво првенство, пред многу Македонци, како да сме дома. Прв настап, дебитански гол , емоцијата не се опишува...
Направивме многу грешки во одбрана им дадовме многу топки, па ни даваа лесни голови, од контра и транзиција. Холандија не е толку посилна од нас, но ние имавме многу лош ден“, Павле Атанасијевиќ.