Македон
„Она што е најголемо разочарување е што овие први натпревари ги загубивме на наши грешки. Сите сакаме повеќе, го сакаме најдоброто за оваа репрезентација и верувам дека на наредниот натпревар ќе прикажеме многу подобра игра.
Наше е да останеме заедно, да се обединиме и кога е најтешко, да излеземе на терен и да ја победиме Аргентина. Ги видовме нивните први натпревари, и тие претрпеа убедливи порази на првите натпревари. Според квалитетот и искуството оваа селекција е најблиску до нас од трите во групата, што ни дава за право да се надеваме дека ќе играме подобро отколку на првите две средби и ќе стигнеме до посакуваниот триумф“, изјави Ѓоргиев.