Две измени во составот на Македонија



Селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, направи две измени во македонскиот состав за натпреварот со Холандија, во однос на составот со кој игравме со Норвешка.


Кирил Лазаров денеска со двајца нови ракометари со составот ќе ѝ се спротивстави на репрезентацијата на Холандија, на натпреварот од второто коло од Светското првенство што се одржува во Полска и Шведска.

На местото на Томи Јагуриноски, принудна измена, од Скопје специјално допатува Давид Савревски. На местото на Костадин Петров, кој имаше сосема солидна партија со Норвешка, вечерва ќе игра Павле Атанасијевиќ. 
Централниот бек на битолски Е. Пелистер, треба да донесе поголема брзина и повеќе решенија во битката со холандската одбрана. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk