Репрезентацијата на Македонија денеска од 18:00 часот во рамките на второто коло од групата што се игра во Краков, ќе се сретне со селекцијата на Холандија. Во вечерниот термин, ќе играат Аргентина и Норвешка.
Македонија и Холандија денеска се среќаваат на дуел од второто коло и ќе решаваат околу пласманот во Главната рунда.
Холандија со победата над Аргентина од 10 гола разлика е практично пласирана во Главната рунда. Нив победа не само што им го запечатува пласманот, туку и ќе пренесат два бода во Катовице.
Македонија, пак, со минимална победа исто така практично би била пласирана во Главната рунда со оглед на тоа дека Аргентина има -10 гол разлика и таква и ќе и остане доколу се прави мини табела.
Ако пример Македонија победи со 1 гол разлика, нив ќе им треба победа од 11/12 гола над Македонија во последното коло.
Или, да направар чудо и да откинат бод од Норвешка. Истото би ги изменило работите и ако Холандија на пример откине бод од Норвешка.
Но, засега стои најреалната варијанта, а во неа нема место за Норвешка.
Македонија со големи надежи го чека овој меч, но реалноста е дека Холандија е фаворитот. Лук Стеинс, Кај Смит и Боби Шаген е нивната бековска линија што ја декласираше Аргентина во првото коло.
Настрана таа тројка, на последните контролни натпревари, вклучувајќи го и мечот од првото коло со Аргентина, нивната одбрана и особено голманот Барт Равенсберген, инаку голман на Нордхорн од втората Бундес лига беа клучните фактори. Дури 19 одбрани имаше Равенсберген на тој натпревар.
На спротивната страна, Кирил Лазаров веќе беше приморан да повлече еден изнуден потег и да го замени повредениот Томи Јагуриновски со Давид Савревски. Во тим што сега се склопува и што има малку поминато заедно, отсуството на првиот десен бек е хендикеп, колку и на кој начин тоа ќе се одрази на нашата игра ќе видиме за помалку од два часа.
Натпреварот ќе почне во 18:00 часот, а ќе го суди судиски пар од Шведска. Македонската навивачка група цело попладне се загрева во фан зоната во Краков, па иако има и навивачи од Холандија, денеска на трибините ќе доминира црвено-жолтата боја.