ЕХФ реагира кон данската ТВ2: Нема докази за местење резултати

Данската ТВ2 денеска крена голема прашина со објавите дека Осум судиски парови меѓу кои и македонски пар бил под присмотра со сомневање дека учестувавале и влијаеле во местење на резултати на врвни натпревари. ж



Спортрадар испратил извештај во ЕХФ во кој навел осум судиски парови меѓу кои и еден македонски за наводна инволвираност во местење на резултати на натпревари од топ нивото во периодот од 2016 до 2018 година.

ЕХФ денеска реагираше и објави дека тие навистина добиле извештај од Спортрадар и веднаш го проследиле до надлежни институции какви што се Одделот за организиран криминал и разузнавачката федерална служба. Нивната истрага нема резултат, ниту доказ за местење на натпревари. 

Ниту внатрешната анализа на натпреварите од страна на ЕХФ, не понудила докази дека се работи за местење на резултатите од натпреварите. Затоа и нема основ кој било од судиите да бидат суспендирани. 

ЕХФ во својата објава се декларираше како институција која има нула толеранција кога се работи за местење резултати и објави линк на кој може анонимно да се испраќаат информации поврзани со вакви случувања за да бидат испратени до соодветните институции. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk