Репрезентацијата на Франција имаше проблеми со противникот на Македонија на СП само едно полувреме.

Репрезентацијата на Франција со 43-32 ја совлада Холандија на првиот контролен натпревар во пресрет на Светското првенство во Полска и Шведска, каде што Холандија ќе биде противник на Македонија во првата рунда.
Холандија, како и да е, во првото полувреме беше целосно рамноправна со фаворизираните Французи и на одмор резултатот беше 19-18.
Селекторот Кирил Лазаров денеска ќе има шанса да ги види на терен и другите два противника на Македонија. Попладнево контролен меч на турнир во Шпанија ќе играат Аргентина и Бахреин, а Норвешка ќе се тестира на дуел со Португалија.