Неочекувано трио не патува за Хрватска

Македонската сениорска репрезентација во некомплетен состав денеска заминува за Хрватска на последни два тест натпревари.



Селекторот Кирил Лазаров со 18 ракометари ќе патува за Пореч каде што на шести и седми јануари ќе се надмудрува со Хрвоје Хорват од клупата на Хрватска, односно Драган Ѓукиќ од клупата на Израел.

Македонија нема да биде комплетна на последната проверка во Хрватска. Поради повреда за која треба неколку дена одмор за да биде санирана, познато уште од пред ден-два, отпаѓа вардаровиот бек Филип Талески

За Пореч нема да патуваат ниту голманот на Порто, Никола Митревски кој не бранеше ниту на контролните натпревари со Црна Гора, а во составот ќе го нема ниту крилото на битолски Е. Пелистер, Цветан Кузманоски

Давид Савревски и Александар Петковски и од претходно беа повикани со цел за да влезат во репрезентативниот систем, засега не се во комбинација за настап на Светското првенство. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk