Димовски: Шраубата? Па неа ја вежбам цел живот

Уште еднаш, за последен пат како репрезентативец, Ванчо Димовски ја крена преполната сала на нозе со еден потег. Мечот го заврши на рацете на соиграчите, со награда МВП и повици МВП од полната сала. 



Ванчо Димовски е македонска ракометна легенда, вчера на спектаклот на простовување на генерацијата и ингурацијата на новата репрезентативна екипа уште еднаш за последен пат ја крена публиката на нозе. 

По мечот, полу шега полу вистина, токму како што налагаше настанот, имавме само едно прашање за него.

- Дали замислуваше репрезентативната и играчката кариера да ја завршиш со шрауба, МВП и на рацете на соиграчите? 

„Многу убав потег е тоа што се организираше овој настан. Полна сала, задоволни гледачи, ние иако со години не сме се ни виделе, а не играле заедно... беше како до вчера да сме играле“, вели Димовски. 
Шраубата? Па неа ја сонувам цел живот. Немав шанса како активен играч, затоа што тие натпревари се важни, секој ваков обид е ризик. Инаку ја тренирав постојано, добро, можеби не вака како што сега излезе, но ова беше шанса што не се пропушта“, вели Димовски.





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk