Ракометен спектакл се одржува во Скопје вечерва

Заокружување на една ера, почеток на нова. 
Вечерва „Борис Трајковски“ одново е полн за ракометен натпревар. Ваков, оранизиран на вакво нив, немало. 
Директен пренос од настанот има на МТВ 3



Официјално затворање на репрезентативните кариери на една цела генерација на ракометари, натпревар со хуман дух, за да се помогне на најранливите, децата.

Актуелните против бившите репрезентативци, на терен, пред 6.500 гледачи. 

Една, можеби единствна можност уште еднаш во ист дрес на терен да ги видиме Диви, Мојсо, Жути, Ванчо, Аљуш...Играчите што цела деценија и повеќе се бореа во репрезентацијата и редовно секој јануари го претвораа во ракометен месец во Македонија. Судии Марјан и Драган Начевски.
Со овации беа дочеки и двата тима, особено ветеранскиот состав.

Вечерва сите добија признанија, патем и навивачите и фалангата си добија нови тапани. Настанот организиран на високо ниво, вистинско уживање за сите љубители на ракометот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk