Филип Tалески на поштеда

Проблем за кој се надеваме дека брзо ќе биде надминат има во македонската репрезентација. На повреда се пожали еден од носителите на играта, Филип Талески.



Филип Талески е меѓу ракометарите што денеска ќе учествуваат на „мечот на деценијата“, но нема да го видиме во игра. 
Еден од носителите на играта на новата репрезентација се пожали на повреда и ќе биде поштеден со цел да се заштити пред настапот на мундијалот.

Неколку дена одмор би требало да ја завршат работата, неговиот настап на турнирот во Хрватска е под прашалник но очекуваме да го видиме на терен во Краков, уште во првото коло на мечот со Норвешка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk