Кои нации доминирале на СП?

Данска е првата што може да освои три по ред, Франција го повтори успехот на Романија собра уште пет медали плус... 



Крем де ла Крем во светскиот ракомет е репрезентацијата на Франција. Шест златни, едно загубено финале и четири бронзени медали ја ставаат на врвот репрезентацијата што порано се одѕиваше на прекарот „експерти“. 
Зад нив, со еден медал вкупно повеќе, но и две злата помалку е Шведска, домаќинот на мундијалот и еден од најголемите кандидати за шампионскиот пехар.
Третото место, верувале или не е за Романија. Единствени Романија и Франција имаат направено подвиг од типот да освоите четири златни медали од пет мундијали по ред. 
Романците тоа го направија во периодот 1961 до 1974, а Франција во периодот од 2009 до 2017. 

Шведска, Романија, Франција и Данска се четирите репрезентации што успеале да ја одбранат титулата. Франција и Романија по двапати.
Но, Данска е единствената што годинава може да дојде до три шампионски пехари по ред. Тие се шампиони од 2021 и 2019 година. 

Никогаш во историјата медал од Светско првенство не успеал да освои неевропски тим. Најблиску биле Египет во 2001 (пораз ов Југославија во битка за бронза) и Тунис во 2005 , пораз од Франција во битка за бронза. 

 
 
МЕСТО ДРЖАВА ЗЛАТО СРЕБРО БРОНЗА ВКУПНО
1  ФРАНЦИЈА 6 1 4 11
2  ШВЕДСКА 4 4 4 12
3  РОМАНИЈА 4 0 2 6
4  ДАНСКА 2 3 1 6
5  ГЕРМАНИЈА 2 2 1 5
6  РУСИЈА 2 1 0 3
7  ШПАНИЈА 2 0 2 4
8  ХРВАТСКА 1 3 1 5
9  Чехословачка 1 2 2 5
10  СССР 1 2 0 3
 
11  Југославија 1 1 2 4

За Македонија ова ќе биде осмо учество на Светско првенство, шесто по ред. 
Само еднаш сме биле пласирани под 10 место. На СП 2009 во Хрватска (9 место). Најслаб пласман имавме на последниот шампионат, во Египет, бевме пласирани на 23 место. 

Ниту една држава не учествувала на сите Светски првенства. Најмногу учества, по 26, имаат репрезентациите на Германија и Шведска, а следи Данска со 25 настапи. 

БиХ, Белгија, Грција, ДР Конго, Финска, Италија, Луксембург, Литванија, Нигерија и С. Кореја се репрезентации што (ќе) имаат само по едно учество на СП: 

Германија седум пати била домаќин на СП. Пет пати е одржува во Шведска, по трипати во Данска и Франција. 
Петпати СП се одржало надвор од Европа.

Најдобро организирано СП на сите времиња е мундијалот што во 2015 година се одржа во Катар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk