Шведска: Не разбираме, што прави ИХФ?

ИХФ им воведува ковид мерки на Швеѓаните. Нив, тоа не им се допаѓа. Никому не му се допаѓа.



Светската ракометна федерација објави Ковид протокол што треба да се почитува за време на Светското првенство што се игра во Шведска и Полска. Има мал проблем. 

ИХФ не е здравствена организација, но сепак воведува ограничувања кога е во прашање заштитата од Ковид за време на мундијалските денови. Тоа подразбира носење на маски, Ковид тестови итн. 

Сето тоа беше разбирливо кога Ковид пандемијата беше во ек, но сега се други времиња и нивните мерки се неразбирливи, особено за Швеѓаните каде што државата ги укина речиси сите ковид мерки, а ништо поразлично не е ниту во Полска.

„Не разбираме, што прави ИХФ? Организираме Светско првенство дома и не можеме да живееме како што живееме, туку мораме да почитуваме рестриктивни мерки? , кризитише Микаел Апелгрин, асистентот на шведскиот селектор. 
„Во Шведска, Ковид времето е минато и веќе не е класифициран како болест опасна за жителите. Сега, одново не присилуваат да живееме под постојан притисок да се прават тестови и ако се појави позитивен ќе мора пет дена да мине во карантин и да го пропушти СП. Навистина не разбирам, проклета штета ќе биде ако има некој позитивен“. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk