Тунис го освои Краков, Бразил со „нула“ ја заврши 2022

Масовните подготовки за сите 32 репрезентации вклучително контролните турнири пред СП Полска и Шведка почнуваат од утре. Но, во меѓувреме се играа турнири. Еден од нив, во идниот дом на македонската репрезентација, „Таурон“ во Краков. 



Полска, Тунис, Јужна Кореја и Бразил на турнир наречен не многу имагинитивно „4 Нации“ ги одмеруваа силите во последните денови од 2022 во арената „Таурон“ во Краков. 

Победник на турнирот е Тунис. Африканскиот тим со многу измени во однос на минатите години победи на сите три натпревари, а зад нив е домаќинот Полска. Тие не настапија комплетни, но беа доволно силни и патем го промовираа својот нов мотор -  Пјотр Једрашчук, играч за кого препорачуваме да обрнете внимание.
Се работи за 21 годишен плејмејкер од типот на Лук Стеинс, Сташ Скубе, висок е само 177 сантиметри. Тој е позјамен играч на Келце и веруваме дека беше дел од причината да Келце откако не успеа да го доведе Стеинс, полесно да се откаже од услугите на Сташ Скубе кој веќе беше нивни. 

Кореја го заврши турнирот на третото место, а поприлично разочарување беше Бразил кој ги загуби сите три натпревари. 
Новиот вардаров играч, Лео Дутра не последниот меч со Полска не се запиша во листата на стрелци, а немаме статистика за првите два.

1. Коло: Тунис - Полска  32-31, Кореја - Бразил   28-22
2. Коло: Тунис - Бразил 29-23, Полска - Кореја  31-27
3. Коло: Тунис - Кореја 35-32, Полска - Бразил  32-23

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk