Србија одбра тим за СП, шест „Македонци“ во составот

Тони Херона, селекторот на репрезентацијата на Србија одбра 19 ракометари за настапот на Светското првенство во Полска и Шведска. Во тимот има дузина играчи што играа и градеа кариери во Македонија. 



Силен и респектабилен тим има Србија за претстојното СП и би можеле далеку да стигнат доколку го задржат единството, нешто што во минатото беше нивниот најголем проблем. Се чини дека под Херона работите се поинакви, но тоа оставаме да покаже времето. 

Дејан Милосављев (Вардар), Мијајло Марсениќ (Металург, Вардар), Вања Илиќ (Металург), Илија Абутовиќ (Вардар), Стефан Додиќ (Металург, Охрид, Вардар) и Предраг Вејин (Металург) се шесте ракометари, од кои дел со години играа во Македонија, а што ќе настапат за репрезентацијата на Србија на претстојниот мундијал. 
Дејан Милосављев е неизвесен за настап, има проблем со повреда за која се води трка за да биде навреме санирана. 

Србија ќе игра во Катовице, заедно со репрезентациите на Германија, Алжир и Катар. Оваа група во следната фаза вкрстува со групата од Краков во која играат Македонија, Аргентина, Холандија и Норвешка. 

Погледнете го изборот на Тони Херона:



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk