Уште еден Хрват отпадна за СП

Две лоши вести во ист ден доби селеторот на Хрватска Хрвоје Хорват. По Иван Чупиќ, уште еден ракометар на хрватскиот состав поради повреда нема да може да помогне. 


Тин Лучин (23), бекот на Висла Плоцк нема да може да настапи на СП поради проблеми со рамето. Хрвоје Хорват на неговото место го повика ветеранот Јаков Гојун. 
Тин Лучин е откритие од ЕП Унгарија и Словачка. Таму доби шанса затоа што многу ракометари беа Ковид позитивни и откако влезе во игра, стана регуларен член на тимот. Игра на позиција лев или централен бек. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk