Ѓоргиев: ЕП беш големо искуство, сега ќе бидеме подобри

Денеска е последниот ден од поготовките на репрезентацијата на Маврово, утре ракометарите ќе празнуваат, а потоа следи нов собир во Скопје и отпочбување на финалната фаза на подготовките и патот кон Краков. 



Ракометарите ќе можат да земат малку здив пред да влезат во завршната фаза, вклучително и настапот на мундијалот. Импресиите од Маврово, овој пат ги пренсува централниот бек Игор Ѓоргиев, ракометар кај кого е евидентен напредокот сезонава, нешто што ќе треба да го докаже на терен. 

„Подготовките течат во најдобар ред, мислам дека оваа седмица ја минавме максимално добро. работевме на кревање на формата и на воигрување на одредени тактички замисли на стручниот штаб. Одигравме и две контролни средби со Црна Гора кои беа добредојдени, а во првите денови од 2023 ќе видиме што сме сработеле. 
ЕП ДЕБРЕЦИН
Последното ЕП беше многу тешко за нас поради проблемите, заразените играчи со коронавирус и повредата во последен час на Кире Лазаров.
Голем дел од товарот падна врз нас помладите и слободно можам да кажам дека беше големо искуство за сите. За мене лично беше прво Европско првенство и верувам дека побогат за тоа искуство ќе се прикажам во уште подобро светло на наредниот мундијал.
МОЖЕМЕ БАРЕМ ДО ЕДНА ПОБЕДА
Сите знаеме дека Норвешка е фаворит во нашата група, но тоа не значи дека однапред ќе се откажеме и на тој премиерен меч во Краков. Она што селекторот го гради како менталитет во оваа подмладена репрезентација е на секој меч да се обидеме да одиме на победа.
Сепак, реалноста е дека нашата шанса ќе ја бараме на дуелите со Аргентина и Холандија, каде верувам дека можеме да забележиме најмалку една победа“, изјави организаторот на играта на Македонија, Игор Ѓоргиев. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk