Најдобриот стрелец го „откачи“ Катар

Најдобриот стрелец од Светското првенство во Египет 2021, Франкис Карол Марзо, реши да не настапи на претстојниот мундијал во Полска и Шведска. И тоа е радосна вест за Србија, Германија и Алжир. 


Франкис Карол Марзо, Кубанец кој доби катарски пасош и игра за репрезентацијата на Катар, нема да настапи на престојното Светско првенство во Полска и Шведска.
Повеќе од една недела наназад се појавуваа непроверени односно непотврдени информации дека кубанската гол машина го напуштила тренинг кампот на Катар, без детали околу тоа дали се работи за повреда или некој друг тип на проблем поради кој тој не планира да игра. 

Денеска стигна уште една информација дека тој дефинитивно нема да настапи на СП Полска и Шведска, а тоа е информација што сигурно ќе ги израдува ракометарите на Србија , Германија и Алжир кои се во иста група со Катар, а и група која подоцна во Катовице ќе вкрсти со групата во која игра Македонија. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk