Томовски: Веруваме во нас, но нема да летаме во облаци

Дојде и крајот на подготвителниот период на репрезентацијата на Маврово. Утре се враќаат играчите по дома, ќе го прослават празникот и потоа одново на тренинг, пред да ги видиме на ревијалниот меч во Скопје и да ги испратиме во Хрватска веќе следниот ден. 



Мартин Томовски, репрезентативниот голман веќе имаше шанса на два меча со Црна Гора да го почувствува натпреварувачкиот ритам. 
Времето поминато со репрезентативците се користи максимално, според планот за оваа фаза. 



„Ќе почнам од атмосферата, одлична е, ја надоградуваме. Еве сега веќе не сме млади, туку сме тие што треба да преземеме одговорност, ние сме сега во тој дел, каде што ние сме постари и треба да им помогнеме на помладите. 
Секој има своја задача, напорно е, но во одличен амбиент се тренира. Мора ова да се одработи, ова е таква фаза на подготовки. 
ЗА ПРОТИВНИЦИТЕ
За противниците, засега специфично не се подготвуваме, нашето време е посветено на нас, на нашата игра, на тој систем на селекторот. Има разни идеи, брзи напади, нормално и сигурна игра до позиции и можам да кажам дека се е во ред. 
Засега сите се здрави и тоа ми е најголема желба, да останеме сите така. 
Потоа, селекторот ќе одлучува кој ќе оди натаму. 
ОДБРАНАТА
Посветуваме големо внимание на играта на одбрана. Ако имаме добра дефанзива ќе бидеме сите поефективни и сите можеме повеќе да придонесеме во целата игра, да не се трошат премногу сите. 
Веруваме во нас, но да не летаме во облаци. Во овој момент сме фокусирани на подготовките, турнирот во Хрватска, па ќе добиеме јасна слика, ќе направиме последни корекции и да се претставиме во најдобро светло“, вели Томовски. 

Македонија својот прв меч на мундијалот ќе го одигра на 13 јануари, а противник ќе ни биде топ фаворитот во групата - Норвешка. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk