Кил (пак) не успеа, голманот на БиХ верен на Флензбург

Бундеслигашот Флензбург, денеска објави вест што ќе ги израдува фановите на северот на Германија. 



Голманот на репрезентацијата на БиХ, Бенјамин Буриќ потпиша нов договор со Флензбург и останува верен на клубот уште најмалку шест години, односно до 2028 година!
Дури и во ера кога не-германски клубови даваат големи пари, а особено кога и германски клубови и тоа конкретно Кил се интересира за некого, договори од ваков тип се реткост. 
Но, Флензбург очигледно врти нова страница, затоа што неодамна и Кевин Мелер, голманот кој за една сезона им беше грабнат од Барса потпиша слично, петгодишен договор и останува до 2027. 

Бенјманиќ Буриќ неодамна се најде во насловите, затоа што излезе информација дека за него е заинересиран Кил, како вистинска замена за Никлас Ландин.
Колку има вистина во ова нема да дознаеме, но ако имало и трошка, тогаш Кил одново не успеа да најде адекватно решение за Данецот. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk