„Златните“ кадети денеска против Австрија

Машката кадетска репрезентација на Македонија, екипата што победи на ЕХФ Шампионатот во Рига и си обезбеди промоција на јуниорското ЕХФ Еуро и Кадетското СП 2023, денеска прв пат по турнирот во Рига ќе игра натпревар. 



Пласманот на ЕХФ Еуро го подигна рејтингот на македонскиот тим, па така се отвори можноста да игра и контролни натпревари со екипите што се со повисок рејтинг од типот на Германија, Египет... 

Македонија ќе учествува на турниро „Шпаркасе Куп“ што годинава ќе се одржи во Мерциг. Нашиот тим е во групата со Австрија, Германија и Холандија. 
Другата група е составена од репрезентациите на Исланд, Египет, домаќинот Сар и репрезентацијата што ја победивме во финалето во Рига - Швајцарија. 

Денеска на програмата за македонскиот тим е еден натпревар, играме со Австрија со почеток од 16:00 часот. 
Утре од 11:20 играме со Германија, а од 16:40 со Холандија. 
Од резултатите зависи дали ќе играме во полуфинале или ќе играме натпревар за пласман. 

Нашата репрезентација ја води Раде Стојановиќ заедно со Бранко Ангеловски и Наум Танески. Хендикеп за нашиот тим се повредите на Тодор Узунчев, Михаил Тотиќ и Самоил Ристевски кои отпаднаа од списокот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk