Денеска, Македонија на терен

Секој ден е се поблиску. Уште 15 дена со почетокот на Светското првенство што ќе се одржува во Полска и Шведска. Времето лета, стигна моментот и за прв пат во оваа финална фаза, македонските ракометари да истрчаат на терен. 



Денеска на Маврово, репрезентациите на Македонија и на Црна Гора ќе одиграат контролен натпревар. Прв од двата предвидени, втората средба е утре. 
Денешниот меч е со почеток од 17:00 часот.

Црногорскиот тим е првиот спаринг партнер на Македонија пред стартот на мундијалот.  Загревачки круг во подготовките, натпреварите со поголем набој ќе се играат по Нова година. Македонија тогаш ќе оди во Хрватска, а Црна Гора за Катар. 
Но, ова е исто така одличен момент и време да се испробаат силите, со оглед на тоа дека во декември кај нас Божиќ не се слави во многу голем обем.

Кирил Лазаров има 21 играч на располагање на Маврово, недостасува само уште Филлип Кузмановски за да бидеме комплетни. Затоа овие натпревари ќе бидат добредојдени пред финалното кратење на списокот и изборот на тимот што ќе патува во Краков. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk