Андреас Нилсон заврши со Шведска

Интересен пат има(ше) репрезетнацијата на Шведска. Во 2020, во екот на Ковид, речиси целата нивна прва постава не сакаше да оди на СП. Отидоа резервите и стигнаа до финале. Една година подоцна, станаа европски прваци. 



Пикерот на Веспрем, Андреас Нилсон не беше еден од тие што не сакаа да играат поради страв од Ковид, туку бараше да биде ослободен на почетокот на подготовките. Не му беше излезено во пресрет и Глен Солберг, кој тогаш ја презема Шведска го прецрта од списокот.

Андреас Нилсон годинава игра одлична сезона во ЛШ, а Веспрем има само еден пораз сезонава. Андреас Нилсон се најде на пошиокиот список, но не и во првиот ешалон. Таму имаше место за Макс Дарџ, Фредерик Петерсон и ланскиот дефанзивец број еден - Оскар Бергендал. 

„ Ако ме повикаат поради повреда или слично ќе дојдам, но тоа е тоа. Во иднина не сакам да сум веќе на поширок список, не сакам веќе да сум во тимот. Просто и јасно. Може да си продолжи со својата екипа  (се однесува на Солберг), добро им оди. 
Нема да гледам ниту на ТВ, освен ако не стигнат до полуфинале, не сум многу по гледање ракомет на тв“, изјави Нилсон за шведски весник. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk