Алкалоид утре ја претставува новата база

Ракометниот клуб Алкалоид е најбрзорастечкиот ракометен проект и колектив во земјава. Клуб кој постои само малку повеќе од една година, веќе поставува стандарди, а иако е составен главно од млади македонски ракометари, засега без странци неговите натпревари станаа дерби и во суперлигашката конкуренција. 



Логистички и организациски Алкалоид веќе ги престигна речиси сите суперлигаши, формираше втор тим кој е лидер во групата во Првата лига, има пет екипи во систем на натпреварување во младински категории и осум ракометни школи. Вкупно 98 ракометари под закрила на Алкалоид се натпреваруваат во македонските шампионати. 
Клубот оди чекор напред, ја презема спортската сала во Автокоманда и ја претвори во своја база. Досега клубот, своите натпревари ги играше во главната скопска арена „Борис Трајковски“, а повремено и во „Јане Сандански“. 

Салата „Автокоманда“ е реновирана и во неа е вложено сериозно многу за да се претвори во модерна база, колку што е тоа можно и да ги опслужува ракометните клубови. 
Утре ќе биде официјално промовирана и пуштена во упореба, патем ќе бидат промовирани и новите дресови и ќе се зборува за клупските планови и амбиции, вклучително со младинските категории и ракометните школи. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk