Дежа ви: Келце пред финансиски колапс

Судбина се чини на полскиот клу Келце е одвреме навреме да се наоѓа пред финансиски колапс. Среќната 2023, којзнае како ќе изгледа во полскиот шампион.



Состојбата во Украина и се што носи таа во економски смисол низ Европа се одразува и во полскиот шампион Келце. Пиварницата „Ван Пур“ која го произведува пивото Ломжа, главниот спонзор на клубот, предвреме, на 1 јануари се повлекува од спонзорскиот договор со клубот. 

Келце како и пред две години влегува во турбулентен период, затоа што спонзорството на „Ломжа“ беше 30% од целиот буџет на клубот. 

„Уште еднаш, иднината на клубот во овие европски рамки е доведено во сериозна опасност. Правиме напори да најдеме нов главен спонзор, „изјави Бертус Сервас, претседателот на полскиот шампион. 

Сервас изјави и дека играчите на Келце веќе почнале да добиваат понуди од големи клубови, но засега никој од нив не се побунил од нив за пари засега и дека функционираат како семејство. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk