E. Пелистер 2 раскина со еден играч

Екипата на Е. Пелистер 2 ја прекина соработката со бекот Дејан Кукуловски. Помалку изненадувачки, 24 годишниот Кукуловски важи за еден од подобрите домашни ракометари. 



РК Еурофарм Пелистер 2 спогодбено го раскина договорот со ракометарот Дејан Кукуловски. Иако договорот имаше важност до јуни 2023 година двете страни се договорија да ја завршат ракометната приказна стара две и пол години. 24-годишниот Кукуловски дојде во Битола во јуни 2020 година и настапуваше за Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
Оваа полусезона ја мина во дресот на Еурофарм Пелистер 2 и ја оствари целта со пласманот во плеј-офот.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk