Домен Макуц си оди од Барса?

Неколку извори потврдуваат дека следната сезона словенечкиот талент Домен Макуц ја менува средината. 



Домен Макуц, 22 годишниот словенечки супер талент заминув од редовите на Барса. Така барем тврдат неколку ракометни извори. 
Словенецот наводно веќе има потпишано со друг супер тим. Заминува од Барса и оди во Данска, во екипата на Алборг каде што веќе се Микел Хансен и Арон Палмарсон. 
Тој има договор со Барса со 2024 година, па останува отворено прашањето дали следното лето или во јуни 2024 ќе биде реализиран овој трансфер, доколку се покаже како точна оваа најава.

Со тоа во Барса се отвора, место за Јим Готфридсон, но за него е заинтересиран и Кил, а наводно и Алборг... 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk