Шок за Полска: Најдобриот стрелец од ЛШ го пропушта мундијалот

Списокот на ракометари што ќе го пропуштат мундијалот во Шведска и Полска и станува се подолг и се повеќе познати имиња стануваат дел од ова друштво.



Не мина ниту еден ден откако Барса објави дека Тимоти Н'Гесан, Ханиел Лангаро и Алеиш Гомез се повредени и најверојатно ќе го пропуштат мундијалот (или дел од него), слични вести стигаат и од Пари Сен Жермен.

Најдобриот стрелец во Лигата на шампионите до овој момент, сезонава, полскиот пивот Камил Шипжак, нема да настапи на Светсткото првенство.
Шипжак има фрактура на фубулата и за него нема надеж дека навреме ќе се рехабилитира за да може да игра на мундијалот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk