Шпанија без ѕвезденото крило на Барса на СП?

Не добија лоши вести од Барса само Бразил и Франција. И Жорди Рибера нема да се „израдува“ на новостите што стигнаа од „Блау грана“ по комплетирањето на Лигата на шампионите за 2022. 



Алеиш Гомез, десното крило на Барса има проблем со ахиловата тетива и ќе мора да паузира во следните пет недели е новоста што Рибера ја доби од Барселона. 
Во моментов, тоа значи дека Гомез сигурно нема да може да игра во првата фаза од мундијалот. Шпанија во првата фаза ќе игра во Краков, паралелно со групата во која игра Македонија и за волја на вистината Алеиш Гомез и не и е којзнае колку потребен за дуелите со Црна Гора, Чиле и Иран.
Во понатамошната фаза, Гомез можеби ќе биде спремен да допатува. 

Претходно., Барса објави дека се повредени и Французинот Тимоти Н'Гесан (шест недели) и бразилскиот ракометар Ханиел Лангаро (крај на сезоната).

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk