Сара Ристовска продолжува со ЦСКА

Македонската репрезентативка Сара Ристовска потпиша нов договор со екипата на ЦСКА Москва објави рускиот клуб. Покрај Ристовска нов договор со рускиот клуб потпиша и Елена Михаилченко.



Ристовска во ЦСКА замина во 2019 година од редовите на Крим. Успешно се вклопи во системот на рускиот клуб и како што вели, среќна е таму.

„ЦСКА е големо семејство. Го продолжив договорот и за мене е големо задоволство што играм за овој тим. Сигурна сум дека заедно ќе постигнеме нови големи успеси. Навистина сум среќна во ЦСКА. Ова стекнав многу добри пријатели, го научив јазикот и се чувствувам како дома. 
Сакам да им се заблагодарам на фановите што се со нас од почетокот. Напа цел е да се обединиме уште повеќе, да го зачуваме духот како семејство, да ја задржиме добрата атмосфера и да бидеме на врвот и следната сезона“, изјави Ристовска. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk