Ѓ. Петров во Полска по 1/4 финале

Екипата на Јарослав од Полска е противникот на Ѓ. Петров во 1/8 финалето на ЕХФ Еврпоскиот Куп.



Ѓ. Петров имаше среќа во денешната ждрепка затоа што како екипа од вториот шешир, за противник доби тим што беше оригинално послабо рангиран од македонскиот клуб на почетокот на сезоната. 

Доброто за Ѓ. Петров е што Јарослав годинава е еден од најслабите полски клубови и во моментов во конкуренција на 10 клуба во Полска се наоѓа на осмото место со само две победи и едно реми од девет одиграни натпревари. Поради тоа отказ доби норвешкиот тренер, па сега екипата ја води некогашниот полски репрезентативец Кубистал.
Првиот меч ќе се игра во Полска (7/8 јануари) реваншот една недела подоцна во Скопје. Доколку не дојде до договор да биде поинаку. 

Јарослав е во зоната на испаѓање во Полска, односно Плеј аут и затоа го гледаме како добар избор на денешното извлекување. Дека треба внимателност, повикува фактот што во екипата имаат две белоруски и две украински ракометарки. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk