Денеска игра Е. Пелистер, каде да гледате?

Еурофарм Пелистер денеска ќе го игра последниот натпревар од Европската лига за оваа календарска година. 



Македонскиот претставник во Европската лига сезонава лесно губеше против посилните, но го доби како гостин полесните противници и е блиску да обезбеди пласман во елиминациите со што во пракса ќе бидат остварени плановите. 

Вечерва во Битола гостува екипата на Бидасоа, екипа што пред една недела многу лесно го совлада македонскиот тим, убедливо со 12 гола разлика. 
Сега е на ред Е. Пелистер да покаже дека тоа бил слаб ден и дека може многу порамноправно да се носи со оваа шпанска екипа која според резултатите, а и медиумските извештаи и самата беше изненадена што толку лесно победи пред седум дена. 

Битолчани имаат пред своја публика можност да се поажат, „изгорени“ од претходниот меч се далеку повнимателни во пристапот судејќи по изјавите, па ќе видиме вечерва дали се кадарни да одиграат поинаку. 

Натпреварот почнува во 20:45 часот, а пренос ќе има на ТВ Арена Спорт 1. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk