Раул си оди, но Пасквал не доаѓа во ПСЖ

Идејата на Пари Сен Жермен, Раул Гонзалез да биде заменет со Хавиер Пасвал нема да биде реализирана. Романците му понудија на Пасквал нов договор и тој останува таму уште четири години.



За познатиот шпански стратег беа добредојдени новинските написи дека ПСЖ е заинтересиран за неговите услуги. Тоа ги натера и Романците да реагираат и на крајот на денот, Динамо Букурешт  и Чави Пасквал се договрија за продолжување на соработката до 2026 година. 
Денеска беше одржана и прес конференција  на која беше и јавноста запозната со договорот што го постигнаа двете страни. 

Пари Сен Жермен ќе мора да побара друга опција, затоа што како што g-sport.mk ексклузивно најави, а се уште стоиме на истото, Раул Гонзалез на лето заминува од Париз и се сели во ПИК Сегед. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk