Норвешка ги отвори картите, без Тонесен, Рамбо...

Новиот селектор на Норвешка, Јонас Виле, го скрати списокот на ракометари за настап на Светското првенство во Полска и Шведска. Норвешка е противник на Македонија во Краков и со нив ќе играме веќе во првото коло. 



Првото нешто што успеавме да го забележиме во составот на Норвешка е дека недостасува Кент Робин Тонесен, десниот бек на ПИК Сегед. Не е тоа многу чудно, на таа позиција ги имаат Магнус Род и Харалд Рајнкинд и тоа е сосема доволно за кој било тим, па сепак...
Од поширокиот состав ги нема ниту Кристифер Рамбо, Еивинд Танген...

Норвешка дома остава еден сосема солиден состав, но видливо е дека Виле одбра повеќе деснораки бекови, затоа што не се знае колку ќе може Сандер Сагосен да помогне, со оглед на тоа дека е многу свеж неговиот кам бек на теренот по долгата пауза. Но, Сагосен е тука и ќе ги води Норвежаните кои се меѓу фаворитите за освојување на медал на овој шампионат. 


ГОЛМАНИ:
Торборн Бергеруд (Колстад)
Емил Имсгард (Елверум)
Кристијан Саверас (Лајпциг)
ПИКЕРИ:
Петер Оверби (Кил)
Магнус Гилеруд (Колстад)
Томас Солстад (Бјерингбро)
БЕКОВИ:
Сандер Сагосен (Кил)
Јоран Јоханесен (Флензбург)
Кристијан О'Саливен (Магдебург)
Тобијас Грондал (Скјерн)
Сандер Оверјордет (Колдинг)
Ерик Тофт (Колдинг)
Симен Петерсен (Скјерн)
Ветле Ага (Колстад)
Харалнд Рајнкинд (Кил)
Магнус Род (Флензбург)
КРИЛА:
Кевин Гуликсен (Гепинген)
Кристијан Бјорнсен (Алборг)
Себастијан Бартолд (Алборг)
Александер Блонз (Сегед)

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk