Висла го победи Келце, Шушња ќе го „убиеше“ Сичко

Најавите дека Хавиер Сабате би можел да добие отказ, стравот дека битката за шампионска титула би ја загубиле пред свои гледачи, децениските фрустрации од Келце, денеска беа адутите на Висла Плоцк. 



Висла Плоцк одигра борбено, паметно, воинствено и успеа да го совлада големиот ривал Келце (29-27) со што закажа битка за шампионски пехар на теренот на противникот во пролетниот дел од сезоната. 

На овој натпревар речиси се функционираше беспрекорно во редовите на деценискиот вице-шампион на Полска, дури пет играчи постигнаа по пет гола, а Келце иако важи за подобар тим со поквалитетни и посакпи поединци не можеше да излезе на крајот. 

Овие средби во Полска неретко ги судат странски судии (Начевски и Николов имаат судено вакво дерби), но овој пат се решија за полските судии Бак и Циесјелски. Имаа полни раце работа и една катастрофална грешка.
Во 42 минута, Хрватот Леон Шушња стартуваше неспортски, додека Симон Сичко беше во скок тој го оттурна, го измести од баланс и Сичко се приземји директно на раме и глава. 
Едвај го оспособија за да може со климави нозе да излезе од терен, беше избеган поголем инцидент, а судиите црвен картон му доделија на погрешен играч. Не на Шушња туку на Крајевски.

Погледнете го тој момент


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk