СП 2023: Белгија забрани контакт со играчите

Репрезентацијата на Белгија прв пат во својата ракометна историја ќе учествува на Светско првенство во јануари 2023. 
Белгијците во квалификациите ja изненадија Словачка, а потоа во вториот круг требаше да играат со Русија и автоматски се пласираа на СП. 



Белгија подготовките за СП ќе ги почне на 15 декември, а наспроти логиката да го популаризира тимот и воопшто спортот пред да заминат на историскиот прв мундијал, тие поставија правила што се во прилично спротивна насока. 

Екипата во која најпознати играчи се Серж Спорен или Ивс Ван Косен донесе правило со кое на новинарите им е забрането директно да комуницираат со ракометарите од 15 декември, па се до завршување на нивниот настап на мундијалот. 
Ова вклучува и прашања по месиџер или What's Up. Сите прашања и одговори ќе одат преку одговорен за медиа, а директно ќе можат да бидат контактирани единствено на прес конференции и задолжитилните медија средби. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk