Сред сезона ги заменија голманите

По нецели шест месеци минати во дресот на Висла Плоцк, хрватскиот голман се враќа назад во клубот од каде што дојде.



Поранешниот австриски, а сега хрватски голман, Кристијан Пилиповиќ не издржа ниту една полусезона во Лигата на шампионите, односно во редовите на Висла Плоцк. 
Хрватот од приватни, семејни причини се враќа назад во екипата на Кадетен Шафхаузен од каде што и замина во Висла на почетокот на оваа сезона. Тој потпиша нов, две и пол годишен договор со Швајцаците. 
Кадетен Шафхаузен, пак, во Полска го испраќа голманот што веќе трета сезона стоеше на нивниот гол, Шпанецот Игнасио Биоска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk