Златните кадети на турнир во Германија

РФМ не ја заборави генерацијата на ракометари која летово го освои ЕХФ Шампионатот во Летонија и си обезбеди пласман на ЕХФ Еуро следниот циклус. 



Раде Стојановиќ ќе може да ги тестира своите кадети пред новогодишните празници. Македонија ќе биде гостин на Шпаркасе Куп, турнир што традиционално се одржува во Германија, а конкретното натпреварување ќе биде во Мерциг, погранично место со Франција. 

Македонските кадети ќе играат во конкуренција со уште седум други екипи, репрезентации и домашниот клуб. 
Македонија е во групата „Б“ заедно со репрезентациите на Германија, Холандија и Австрија. 
Во групата „А“ се селекциите на Исланд, Швајцарија, Египет и домашниот ТВ Сар. 

Турнирот ќе се игра по 2х25 минути со пет минути пауза за полувреме. 
На првиот ден, 27.12.2022 од 16:00 часот ќе играме со селекцијата на Австрија. 
На 28 дкември од 11:20 часот ќе играме со Германија, а потоа од 16:40 со селекцијата на Холандија. На последниот ден ќе играме во зависност од остварените резултати на првите два дена. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk