Хрватска со Чупиќ, Циндриќ и Карачиќ против Македонија

Репрезентацијата на Македонија пред почетокот на Светското првенство во Полска, ќе одигра четири контролни натпревари. Два од нив во Маврово против селекцијата на Црна Гора и два во Пореч, против Хрватска и Израел во рамките на Кроација Куп. 



Селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват го соопшти списокот на кој има 21 ракометар што ќе се подготвуваат во првата фаза на подготовките и со кои Хрватска ќе настапи на Кроација Куп. 
Иако имаат неколку повредени играчи, иако имаат ракометари што нема да бидат во прв момент на располагање, Хрвоје Хорват има доста импресивна листа на ракометари за овој мундијал.

Ќе имаме можност да ги видиме на терен и пред дуелите со Македонија, на 29 декември ќе играат меч со Италија, а потоа ќе ги видиме и на дело против избраниците на Кирил Лазаров. 

Познатото трио од настапите во Македонија, Лука Циндриќ, Иван Чупиќ и Игор Карачиќ ќе бидат дела од репрезентацијата што ќе игра против Македонија. 

Патем Хрватска го состави и логистичкиот тим, тренери, физио, медија... Овој тим брои 12 луѓе. 

Состав Хрватска:
Доминик Кузмановиќ - Нексе
Дино Славиќ - ППД Загреб
Мате Шуњиќ - Иври
Марин Јелиниќ - Нексе
Ловро Михиќ - Висла Плоцк
Иван Чупиќ - ППД Загреб
Филип Главаш - Тримо Требње
Паоло Краљевиќ - ППД Загреб
Марин Шипиќ - Криенс Луцерн
Жељко Муса - ППД Загреб
Никола Граховац - ППД Загреб
Леон Шушња - Висла Плоцк
ДОмагој Дувњак - Кил
Лука Циндриќ - Барса
Игор Карачиќ - Келце
Тин Лучин - Висла Плоцк
Звонимир Срна - ППД Загреб
Јосип Шарац - Гепинген
Иван Мартиновиќ - Мелзунген
Лука Кларица - ППД Загреб
Лука Шебетиќ - Минден

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk