Денеска Е. Пелистер игра во Шпанија, каде да гледате?

Екипата на Еурофарм Пелистер, вечерва со почеток од 20:45 часот ќе се сретне со шпанскиот тим Бидасоа Ирун на гостински терен во рамките на петтото коло од Европската лига. 



Две победи на гости, два пораза на домашен терен е досегашниот биланс на Е. Пелистер во групната фаза од Европската лига. Би било убаво барем на претстојниот меч да продолжи традицијата, иако Бидасоа Ирун, според нас е екипа против која битолчани имаат поголеми шанси да победат дома, отколку на гости. 

Во машката лига на шампиони од нејзиното формирање кон средината на пеесеттите па се до 1990, доминираа клубовите од Источна Германија, СССР; СФРЈ „разбиено“ со понекој трофеј на западниот Гумерзбах. Така беше се до 1990 кога прв пат Барселона стана европски шампион и ја најави новата ера во европскиот ракомет. Тогаш се формираше и ЕХФ и работите комплетно се променија. 

Барселона беше само најава за почетокот на доминацијата на Шпанија. Следеа две титули на Загреб, а потоа следните осум отидоа на Пиринеите. Прво Тека Сантандер, а потоа Бидасоа Ирун станаа европски праци пред Барселона да ја почне својата доминација (пет титули по ред). 

Европскиот првак од 1995, Бидасоа Ирун, вечерва е домаќин на македонскиот Еурофарм Пелистер во рамките на петтото коло од Европската лига. 
Бидасоа нема многу познати играчи во тимот, но има четворица што се на возраст над 30 години. Меѓу нив е и чилеанскиот десен бек Салинас и лендата на светскиот ракомет, пикерот Хулен Агинагалде. Ќе биде убаво да се види колку може некогашниот пивот број еден во светот да покаже на 39 години. 

Натпреварот почнува во 20:45 часот директен пренос ќе има на тв каналот Арена Спорт 2. 

Претходно  (18:45 часот) на истиот канал ќе можете да го гледате дуелот меѓу Нексе и Гранољерс, а обрнете внимание, таа средба ќе ја суди македонската судиска двојка Металари - Николовски. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk