Ѕвездата на БиХ оди во Кил

Германскиот Кил заедно со ривалскиот Флензбург важи за прибежиште и пристаниште за најдобрите скандинавски ракометари со години наназад. 
Затоа и формирањето на двата скандинавски супер тимови, Алборг и Колстад, нив најмногу ги погодува затоа што скандинавците ги враќаат назад во своите земји најголемите асови како Сандер Сагосен и Никлас Ландин кога е Кил во прашање.



Кил во прв момент најде замена за данскиот голман број еден, Никлас Ландин. Следната сезона доаѓа Французинот Винсен Жерар и заедно со Чехот Томас Мрква ќе бидат на голот на „зебрите“, но тоа е извесно само преодно решение додека да се ослободи од обврските друг голман од топ класа. 

Шпекулациите велат дека од 2024 година во Кил се сели најголемата ѕвезда на ракометот од БиХ во моментов, голманот Бенјамин Буриќ. 
Тој во моментов заедно со повратникот од Барса, Кевин Мелер го чува голот на Флензбург, но во 2024 би можел да замине од клубот и ако се биде како што велат најавите да се пресели во Кил. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk