Радичевиќ стана женскиот „Лазаров“

Ќе ја памети по добро 2022 година поранешната ракометарка на ЖРК Вардар и од неодамна поранешна репрезентативка на Црна Гора, Јованка Радичевиќ. Покрај бронзениот медал од ЕП на својот последен меч за националниот тим, сега  стана и најдобриот стрелец во историјата на женската Лига на шампиони. 



Јованка Радичевиќ (36), црногорското крило на последното одиграно коло во Лигата на шампионите го постигна својот 1017 гол и ја мина на вечната голгетерска листа во ЛШ унгарската легенда Анита Горбиц. 
Радичевиќ новиот рекорд го постигна во дресот на екипата на Крим, а за да нема комплетна прослава, се „погрижи“ данскиот тим Одензе кој славеше победа на споменатиот натпревар. 

Радичевиќ 1017 погодок го постигна во 37 минута на натпреварот, а тоа беше нејзиниот четврти гол на мечот. До овие бројки стигна преку 19 сезони во Лигата на шампионите. Застана на тие бројки, до крајот на мечот веќе не се запиша во листата на стрелци. 
Јованка Радичевиќ и Анита Горбиц остануваат единствените ракометарки кои постигнале повеќе од 1000 голови во Лигата на шампионите. 

Крал на стрелците и далеку најдобар стрелец во историјата на ЛШ во двете конкуренции заедно е македонскиот ас Кирил Лазаров кој од вкупно 1596 гола во Европските купови, во машката Лига на шампиони има постинато 1482 гола.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk