Заврши сезоната за дефанзивката број 1

Француската ракометарка Беатрис Едвиж, една од најдобрите играчи во два правца, особено во игра во одбрана ја заврши сезоната предвреме. 



Неуспешниот настап на Франција, во поглед на освојување на медал од ЕП е помалото зло за една од најдобрите дефанзивки во моментов, Беатрис Едвиж. 
Ракометарката на ФТЦ ја гледавме во Скопје минатиот месец на шест натпревари и добивме впечаток дека без неа Франција тешко се снаоѓа и не може да се поврзе на теренот, а нивниот селектор, Оливие Крумхолц тоа во неколку наврати го подвлекуваше.

Само што се врати на клупските обврски, пред да настапи во продолжението на ЛШ, сезоната за Едивиж заврши. 
На тренинг на клубот, француската ракометарка ги скинала вкрстените лигаменти на коленото, а тоа значи операција и пауза од најмалку шест месеци. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk