Загреб го среди Веспрем, Барса единствена без пораз

Барса е единствената екипа во Лигата на шампионите што нема претрпено пораз по осум одиграни натпревари. Вечерва единствениот што и правеше друштво, Веспрем, загуби на гостувањето во Загреб. 

РЕЗУЛТАТИ ДЕНЕСКА
Барса - Кил  26-24 (13-13)
ППД Загреб - Веспрем   29-26 (12-14)
ГОГ - ПСЖ   35-40 (19-22)
Елверум - Келце  26-27 (12-13)
Целје - Сегед   28-36 (13-20)



Тренерската промена очигледно внесе малку адреналин во  крвта на загрепските ракометари, па така само две кола по смена на Ивица Обрван, стигнаа до втората победа со која се израмнија во Висла Плоцк во трката за последното место што води во елиминациите. 
ППД Загреб му го нанесе првиот пораз во Лигата на шампионите на Веспрем, сезонава (29-26).

Дибиров постигна три, Додиќ постигна четири, а Чупиќ беше стрелец на два гола од играчите што ги знаеме од македонското првенство. 
Петар Ненадиќ имаше слаба шутерска вечер (2/7) за Веспрем, а таму најдобри стрелци беа Омар Јахија и Андреас Нилсон со по седум постигнати голови. 

Барса дури во финишот на натпреварот, во 49 минута прв пат поведе на дуелот со Кил што се играше во Шпанија и на која официјално беше повлечен од употреба дресот со бројот осум што со години го носеше Виктор Томас. 
Барса поведе 22-21, а потоа и го доби натпреварот со 26-24 и остана единствената екипа во Лигата на шампионите штпо нема пораз. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk