Полман се сели во Романија

Холандската ракометарка Естевана Полман која неодамна привлекуваше големо внимание и во Скопје и заедно со својот сопруг, екс фудбалерот на Реал Мадрид, Рафаел Ван дер Варт беа едни од најбараните за селфи на терен или на трибините на „Борис Трајковски“, денеска имаше вест за своите фанови.



Естевана Полман го напушта данскиот Никобинг и се сели во Романија каде што ќе продолжи во дресот на екипата на Рапид Букурешт. 
Информацијата прва ја објави менаџерката на Полман, потоа ја потврди прес службата на клубот...

За овој трансфер романскиот клуб платил и соодветна отштета, па така сега и покрај разделбата се среќни и во данскиот клуб. Романското првенство, пак, најскапото во Европа, добива уште една голема ѕвезда. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk