Денеска играат Мотор и Е. Пелистер, каде да гледате?

Еурофарм Пелистер попладнево, меѓу двата термина за мундијалски фудбал, односно од 18:45 минути, во Дизелдорф, новиот дом на украинскиот шампион ќе се сретне со екипата на Мотор Запорожје. 



Мотор годинава игра благодарение на германското гостопримство и „пасот“ од ЕХФ. Се натпреварува во втората Бундес лига каде што има скор од две победи и 11 порази, а во Европската лига има три порази. 
Но, ако го погледнете составот, Мотор има поквалиетни имиња во тимот отколку што може да се заклучи според резултатите, дури има и тројца странци. Таму е Јонас Тручинавичиус, Литванец што не толку одамна играше за Монпеље, потоа црногорскиот плеј Божо Ангелиќ и Шпанецот Карлос Молина. 
Од украинските репрезентативци ги паметитме пикерот Димитро Тјотник, голманот Генадиј Комок, потоа Захар Денисов, Димитри Горига, Александар Касаи, Јуриј Кубатко... тоа е една сосема солидна екипа, која не игра на вистинско ниво, а причините зошто е тоа така, за жал можеме да ги погодиме. 

Натпреварот се игра со почеток од 18:45 часот, а директен пренос ќе има на ТВ Арена Спорт 2. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk