Јагањац мора на операција

Металург одвреме навреме знаеше да направи одличен трансфер и финансиски дил. Халил Јагањац е една од најуспешните приказни од „Автокоманда“ од тоа време. 



Халил Јагањац во Металург дојде од развојниот тим на ПСЖ за соодветна отштета што клубот ја исплати во неколку рати. Во Скопје прерасна во одличен играч, а потоа Металург го испрати назад во Хрватска, во екипата на Нексе за отштета што беше речиси двојно поголема од таа за која дојде во „Автокоманда“. 
Јагањац беше одличен и во Нексе, иако не му успеа невозможното, а тоа е да го симне ППД Загреб од тронот, иако беше блиску. Одлуката да игра во Нексе, а не во ППД Загреб ја плати преку неповикувањето и статусот во репрезентацијата. 

Но, неговото време дојде. Старите хрватски волци се во пензија, а млади топџии нема. Јагањац, сепак, за својот бум во репрезетацијата, ќе почека. 

Халил Јагањац сезонава го замени Нексе со Келце, односно Рајн Некар Ловен. Минатата недела заработи незгодна повреда, дислокација на рамето. Сега, германските доктори донесоа одлука.

Јагањац ќе мора на операција. Проблемот со рамето мора да биде решен без импровизации. Со оглед на тоа дека операцијата е комплицирана, во моментов не може да се предвиди колку долго нема да игра. Сличните искуства велат долго, веројатно е завршена оваа сезона. Како ќе биде ќе дознаеме наскоро. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk