Проблеми за Франција и Монпеље, двајца повредени го пропуштаат СП

Гијом Жил селекторот на репрезентацијата на Франција доби лоши вести во пакет од Монпеље, најдобриот француски клуб и центар за формација.



Карл Конан, централниот дефанзивец и Жулиен Бос, десниот бек нема да бидат на располагање за настап на СП. 
Карл Конан се повредил на тренинг и докторите велат дека може да паузира и до два месеца. 

Жулиен Бос се повредил на мечот со Гепинген, страдале лигаментите и за него сезоната е завршена. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk