Македонија против Украина за виза за СП

Женската репрезентација на Македонија за противник во бараж натпреварот за пласман на СП ја доби селекцијата на Украина.


Ждрепка со која Македонија може да биде задоволна е Украина за противник во баражот за СП 2023. Особено затоа што како се извлекуваа паровите, останаа Чешка, Австрија и Словачка, па Украина дополнително изгледаше како добар исход. 

Во суштина, секојдневно гледаме што се случува кај нив и затоа е неблагодарно да се прогнозира како ќе биде во април кога ќе се играат натпреварите. 

Во секој случај, РФМ ќе бара двата меча да се играат во Скопје. Дали ќе биде прифатено или ќе се игра на гости на неутрален терен ќе дознаеме наскоро. 

Украинската репрезентација е предводена од Левченко и Глибко, две ракометарки на Влчеа од Романија и неколку репрезентативки од Галичанка Лвов, екипа веднаш по избивањето на конфликтот доби престој во Германија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk